Детето кое ги направи првите чекори и израсна во популарната "Ла Масија", а потоа стана и најдобриот креатор во својата ера, ноќеска го кажа и последното збогум. Откако на претходниот натпревар беше испратен со аплаузи од 90- илјадната публика на Камп Ноу, Андрес реши да се опрости и од стадионот на кој ги помина најубавите фудбалски моменти во кариерата.
Откако заврши натпреварот против Сосиедад, а Камп Ноу се испразни, Иниеста се врати на теренот каде што помина околу еден час осамен. Со солзи во очите и со емоции кои не можеше да ги задржи само гледаше наоколу, седејќи на центарот од теренот.
Тажно збогум за уште една легенда на Барса која што освои се што можеше да се освои, и тоа во неколку наврати.
Иниеста заминува како "златната" осумка на Барселона, со освоени 32 титули во неговата 20 годишна кариера како член на каталонскиот гигант.