Ибра си е Ибра. Ниту во МЛС лигата, ниту пак на залезот на каерирата ќе успее да го смири својот темперамент.

На гостувањето на ЛА Галакси во последниот натпревар од викенд колото во Америчката фудбалска лига кај тимот на Монтреал, Ибра заработи црвен картон од како во 38 -та минута во дуел без топка со играчот на домашната екипа Петрасо му залепи една воспитна заушка.

Иако на повторената снимка можеше да се види дека Петрасо ненамерно го згазна Ибра, тој неможеше да се воздржи па побрза да му врати. Од кога сфати што направил легна на теренот обидувајќи се да глуми повреда, но бидејќи во МЛС лигата има воведено вар технологија за спорни моменти, по прегледувањето на снимката, судијата не се двоумеше да му додели директен црвен картон.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 01:12