Капитенот на Наполи, Марек Хамшик потврди дека може да го напушти тимот ова лето. Триесетгодишниот играч од средниот ред е подготвен да ја продолжи кариерата во Кина.

- Разочаран сум што повторно ја загубивме титулата. Дадов сѐ од себе, играјќи за Наполи. Можеби е време е да тргнеме по различни патишта, изјави Хамшик за весникот „Правда“.

Минатата сезона тој запиша 38 натпревари за Наполи во Серија А, каде што постигна 7 гола и направи една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 22:52