Карло Анчелоти веќе се договорил со раководството на Наполи, напиша „Кориере Дело Спорт“. Маурицио Сари, сегашниот тренер на клубот, најверојатно ќе замине поради недоразбирање со претседателот. Дополнително, Наполи ќе добие 8 милиони евра за него ако друг клуб одлучи да ги плати до крајот на месецот.

Во последните денови се зборуваше дека Анчелоти ќе биде заменик на Сари, а шефот на Наполи - Аурелио Де Лаурентис го искористел последниот меч на Андреа Пирло, за да ја договори зделката.

- Се уште не можам да поверувам, но, според моите извори, Анчелоти ќе биде тренер на Наполи. И тие никогаш не ме излажале, изјави новинарот Иван Џазирони.

Според него, Де Лаурентис не разговарал со ниту еден друг тренер и сака да го доведе поранешниот тренер на Милан, Челзи, реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен на „Сан Паоло“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 23:10