Долгогодишниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека неколку пати добивал понуди да замине во Реал Мадрид, но останал лојален на лондонскиот клуб бидејќи сметал дека така е правилно.

- Кога Арсенал го изгради новиот стадион имав уште петгодишен договор со клубот. Меѓутоа, една година по отворањето на стадионот ме контактираа од Реал Мадрид. Кога тоа ќе се случи секогаш сте поласкани од понудата, но и ќе ве заинтригира. Меѓутоа, во тој момент не беше добро за Арсенал да го направам тоа и останав. Ми нудеа целосна контрола во Реал, истакна францускиот фудбалски стручњак.

Арсен Венгер остана 22 години во Арсенал и одбележа сопствен период во историјата на лондонскиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 22:10