Пјер-Емерик Обамејанг е дел од Арсенал од јануари и не помина многу време под раководство на Арсен Венгер.

Сепак, репрезентативецот на Габон има јасна оценка за изминатите неколку години под водство на Французинот, кој, според него, не ги развивал „топџиите“.

Затоа Обамејанг се радува на назначувањето на Унаи Емери.

- Гледајќи ги последните сезони на тимот, мора да признаеме дека клубот „тапкаше во место“. Мислам дека сите се радуваат за периодот кој доаѓа. Така е во животот. Ова е нов почеток, мора да гледаме напред и да видиме што ќе се случи, изјави Обамејанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 13:24