Новиот селектор на Италија, Роберто Манчини изјави дека не е волшебник и треба време за да закрепне тимот, кој не успеа да се пласира на едно Светско првенство, прв пат по шест децении.
Италија во понеделник во Швајцарија ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија.
Манчини призна дека Италија веќе не може да се пофали со големи таленти, нешто на кое е навикната, но е убеден дека може да се искористи максимално од она со што располага.
- Јас не сум волшебник, ниту еден тренер не е. Ќе ни треба време, еден, два или пет натпревари нема да бидат доволни. Имаше период кога имавме неверојатно изобилство од талентирани играчи, но сега не е така. Јас сепак верувам во овие фудбалери кои се во тимот во моментов. Тие можат да дадат многу на националниот тим, изјави Манчини.