Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио и натаму е желба на гигантите од Англија, но по се изгледа дека неговата иднина е поврзана со „Сантијаго Бернабеу“.

Неговиот агент Хорацио Гихиоли потврди дека европскиот шампион добил две исклучително атрактивни понуди за шпанскиот репрезентативец.

- Два тима од Англија доставијан понуди за Марко, што Реал ги одби. Тие беа за околу 150 милиони евра, рече Гихиоли.

Во договорот на 22-годишниот Асенсио со Реал има клаузула за откуп од 700 милиони евра, а неговиот агент потсети дека и Барселона своевремено имала шанса да го добие.

- Пред Асенсо претстои неверојатна иднина. Точно е дека Барселона можеше да го има и Пеп Бартомеу (шефот на Барселона) знае дека згрешил. Има такви работи во животот. Тогаш Флорентино Перез едноставно одговори побрзо, објасни агентот на играчот од средниот ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 13:32