Натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид е меч на сезоната, а како и нема кога станува збор за финале од Лигата на шампионите кое ќе го даде новиот европски првак.
Оние што немаа среќа, а имаа желба во живо од Киев да го гледат мечот, ќе мора пред малите екрани, како и многу милиони луѓе да го проследат мечот низ ТВ пренос.
Многумина кои се пред малите екрани при некој важен натпревар, како и овој, стравуваат да останат без преност поради некои технички грешки.
За денес, тоа е најавено, на 8 секунди милион луѓе во Британија ќе останат без преносот. Имено станува збор за маркетиншки трик на „Самсунг“ кој ќе сака да промовира нова техника и производ, пишува Спорт Клуб.