Иднината на Џанлуиџи Донарума изгледа понеизвесна по веста за нестабилната финансиска состојба на Милан, пренесе „Тутоспорт“.

Деетнаесетгодишниот Италијанец честопати е поврзуван со трансфер во некој од гигантите во Европа, а од неодамна се зборува за негова преселба во Ливерпул.

Познатиот фудбалски агент, Мино Раиола се обидува да организира трансфер на Донарума на „Енфилд“, по неуспешната можност да заигра во дресот на Пари Сен Жермен.

Милан е подготвен да се раздели со својот талентиран голман за сума од 60 милиони евра. Раиола веќе имал разговори со претставниците на тимот од Мерсисајд, во кои споделил дека 40 милиони евра ќе бидат доволни за „росонерите“ да го продадат Донарума.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 02:32