Реал Мадрид вечерва оствари победа од 3:1 над Ливерпул и на тој начин го освои својот 13-ти трофеј во Лигата на шампионите и трет по ред, по два гола кои дојдоа по неверојатни грешки на голманот на „црвените“, Лорис Кариус.

„Кралскиот клуб“ сега е апсолутен рекордер по досега невидените три последователни триумфи во овој турнирски формат.

Финалето меѓу овие две екипи беше повторување на последниот судир пред 37 години, кога сепак Ливерпул го освои трофејот.

Овој натпревар ќе се запамети по грешката на Кариус кој ја изби топката во нозете на Бензема во 51-та минута и потоа се случи еден од најсмешните погодоци во турнирот воопшто.

Мане сепак израмни четири минути подоцна, а Бејл донесе предност на „кралевите“ во 63-тата минута по гол со задни ножички.

Во 83-тата минута Велашнецот го постигна својот втор гол на натпреварот, откако голманот на Ливерпул направи нова грешка, откако не успеа да го скроти ударот и ја внесе топката во својата мрежа.

Ливерпул беше принуден да го игра поголемиот дел од натпреварот без големата ѕвезда Мохамед Салах, кој се повреди непријатно во областа на рамото о 30-тата минута од првото полувреме.

„Кралевите“, исто така, имаа проблеми од слична природа, откако Карвахал беше повреден во 37-та минута и исто така беше принуден да го напушти финалето.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 03:36