Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја шокираше фудбалска јавност со изјава неколку минути по завршувањето на финалето во Лигата на Шампионите.

- Беше прекрасно да играм во Реал Мадрид. По неколку дена ќе кажам нешто, ќе дадам одговор на навивачите, кои секогаш беа со мене, изјави Роналдо за „Беин Спорт“.

Португалецот додаде дека нема сомнежи за своето решение.

- Уживам во моментот, иднината сега не е толку важна. Немам сомнежи, сега не е важно. Потоа ќе се одморам и ќе одам на камп со националниот тим, изјави Роналдо.

Запрашан дали е тажен, зашто не постигнал гол во финалето, Роналдо одговори со реторичко прашање: „Кој беше најдобар стрелец на ова издание на Лигата на Шампионите? Кој има најмногу трофеи од Лигата на Шампионите, кој има најмногу голови?“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 21:24