Серхио Рамос го искористи својот Твитер профил за да искаже сочувство кон повредениот Мохамед Салах.
Дефанзивецот на Реал Мадрид и нанесе повреда на ѕвездата на Ливерпул во средината на првото полувреме по груб боречки дуел, а потоа Шпанците победија со 3: 1 во финалето на Лигата на шампионите.
- Понекогаш фудбалот ви ја покажува добрата страна, а понекогаш и лошата. Пред се, ние сме професионалци и сакам да му посакам брзо закрепнување. Салах, иднината те очекува, напиша тој.
По натпреварот, Рамос ги негираше гласините дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Мадрид. Тој тврди дека Португалецот нема да најде посилен тим од Реал.