Екипата на Рајо Ваљекано од следната сезона повторно ќе биде меѓу најдобрите шпански фудбалски екипи. Тимто од Мадрид синоќа на домашен терен го победи Луго со 1:0 и создаде недостижна предност во однос на конкурентите за влез во Ла Лига.

Алекс Морено го постигна единствениот гол на натпреварот кој се покажа како одлучувачки и вреден пласман во елитата.

На едно коло пред крајот на Сегунда, Рајо е лидер на табелата со недостижни пет бода во однос на трето пласираниот Спортинг Хихон.

Претходно пласман меѓу прволигашите обезбеди Уеска, а третиот патник ќе се знае по одигрување на баражите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2018 10:44