Повратникот во италијанската фудбалска репрезентација, Марио Балотели постигна убав гол синоќа на пријателскиот дуел со Саудиска Арабија и му го посвети на неодамна починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

- Знам дека е доцна и дека веќе си таму негде, но убеден сум дека одозгора ме гледаше заедно со мојот татко. Овој гол, иако нема некое големо значење, ти го посветувам тебе, напиша Балотели на својот Инстаграм профил.

За 27-годишниот Балотели натпреварот со Саудиска Арабија е прв во репрезентативниот дрес по пауза од четири години.

Италија победи со 2:1, а на клупата на „азурите“ дебитираше новиот селектор Роберто Манчини.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2018 10:47