Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија сака да се врати во Шпанија, во тимот на Атлетико Мадрид.
Како што пренесува „АС“, Аргентинецот е близу до трансфер во Атлетико.
Според изворот, самиот играч би сакал да работи под водство на тренерот на „јорганџиите“ и негов сонародник Диего Симеоне.
Исто така, и тренерот е заинтересиран за услугите на Ди Марија, кој минатата сезона одигра 45 натпревари и постигна 21 гол.
За Ди Марија покажува и Наполи кои има големи амбиции за новата сезона.