Селекторот на Италија, Роберто Манчини го пофали својот тим за прикажаното на контролната средба со Саудиска Арабија одиграна доцна синоќа во Сент Гален.
„Азурите“ победија со 2:1, а за првпат на нивното селекторско место беше Манчини.
- Добро е кога ќе победите. Очекувам со текот на времето да се подобруваме. Треба да научиме да одржуваме ниво во текот на сите 90 минути. Успеавме да играме брзо и да создадеме повеќе шанси, изјави Манчини.
Во петок Италија ќе одигра контролен меч и со Франција за кој Манчини најави промени во составот.
- Други играчи ќе играат против Франција. Беше важно да го добијам мојот прв натпревар на чело на тимот. Не можеме да ја оцениме нашата изведба бидејќи сме на крајот на сезоната и играчите се многу уморни. На голот Џанлуиџи Донарума не направи грешка. Ми се допадна ентузијазмот на момчињата, заклучи Манчини.