Фудбалерот на Штутгарт, Холгер Бадштубер е близу до заминување во Лацио. Како што објави „Газета Дело Спорт“, 29-годишниот Германец се согласи со условите на договорот со римскиот клуб.

Сепак, договор меѓу двете страни се уште не е постигнат, бидејќи фудбалерот разгледува и други опции.

Бадштубер од бундеслигашот ќе си замине како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Штутгарт истекува претстојното лето.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2018 13:45