Ливерпул синоќа официјално го објави првото големо засилувањe за следната сезона, откако од официјалната страна на клубот пристигна соопштение дека доаѓа Бразилецот Фабињо од Монако, во трансфер вреден 50 милиони евра.
Фабињо ќе го засили средниот ред на Ливепрул, а наскоро во клубот ќе пристигне и Наби Кеита, кој беше договорен уште минатото лето од Лајпциг.
– Потпишавме фантастичен играч, но и фантастична личност. Со сите што разговаравме велат дека поради својот карактер тој е омилен лик во соблекувалната. Фабињо може да игра на неколку позиции. Тактички е силен. За него може да се каже дека поседува голема фудбалска интелигенција. Мислам дека ќе го подобри нашиот тим, изјави Јирген Клоп, кој не го криеше своето воодушевување од овој трансфер.