Со три погодоци и една асистенција, капитенот Лионел Меси ја предводеше Аргентина до убедлив триумф со 4:0 остварен ноќеска над Хаити во Буенос Аирес.

Ова беше прв натпревар за „гаучосите“ во рамките на подготовките за настапот на претстојното Светско првенство во Русија.

Покрај Меси, во листата на стрелците се запиша и Серхио Агуеро.

Мундијалот во Русија почнува на 14 јуни, а Аргентинците се во Д-групата заедно со Исланд, Хрватска и Нигерија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 09:21