Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон во наредните денови ќе го објави својот двегодишен договор со Пари Сен Жермен, објави „Кориере дело Спорт“.

Како што се наведува во италијанскиот весник, двете страни веќе постигнале согласност за сите детали и само се чека потписот на Буфон.

Се шпекулира дека 40-годишниот Италијанец ќе заработи 16 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 09:23