Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити сериозно е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Лестер, Ријад Марез.

Според „Сан“ управата на Сити е подготвена да плати 60 милиони евра за овој трансфер за кој се шпекулира дека ќе се реализира во многу скоро време.

27-годишниот Алжир беше цел на Сити и во зимскиот трансфер период, но тогаш двата клуба не постигнаа согласност.

Сезоната што измина, Марез одигра 41 натпревар и постигна 13 гола, а имаше и исто толку асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 10:27