Манчестер јунајтед веќе го договорил првиот трансфер во летниот преоден период, а според пишувањата во англиските медиуми клубот подготвил 17,4 милиони фунти за младиот фудбалер на Порто, Диого Далот.

Десниот бек на Порто во март наполни 19 години, а досега ги има поминато сите младински селекции на репрезентацијата на Португалија.

Далот важи за голем талент, а во октомври дебитираше во првиот тим на Порто, а оттогаш одигра само осум натпревари.

Англиските медиуми наведуваат дека доаѓањето на Далот на „Олд Трафорд“ е се поизвесно, бидејќи се ближи заминувањето на Матео Дармијан, а е потребно да му се создаде конкуренција на десната страна на Антонио Валенсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 16:10