Шпанските даночни власти бараат од фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо да плати 28 милиони евра во случајот со даночното затајување.

Претходно, Роналдо понуди спогодба да ја признае вината и да плати 14 милиони евра со цел да добие намалена казна, но тоа сега беше одбиено.

Иако фудбалерот извесен период негираше каква било вмешаност, сепак, шпанското обвинителство лани отвори случај против него за даночно затајување од 14,8 милиони евра, кое се реализирало преку неговите маркетиншки права.

Шпанските даночници на Роналдо му дадоа рок до 15 јуни да одговори на нивните барања.

Во случај против него да започне судски процес и тој да биде прогласен за виновен, фудбалерот може да добие и повеќегодишна затворска казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 00:02