Диего Лопез ќе го напушти тренерското место во Каљари на 30 јуни кога ќе му заврши актуелниот договор, објави клубот на официјалната веб-страница.
Под раководство на 43-годишниот уругвајски стручњак, Каљари го задржа местото во Серија А, завршувајќи на 16. позиција во сезоната што измина.
Освен во Каљари, Лопез како тренeр има работено во Болоња и во Палермо.