Легендарниот поранешен англиски репрезентативец и фудбалер на Челзи, Френк Лампард е поставен за нов тренер на Дерби Каунти.

Двете страни се согласија на договор со важност од три години.

39-годишниот Лампард ја заврши својата кариера во февруари 2017 година и оттогаш работи како стручен телевизиски коментатор.

Дерби минатата сезона се рангираше на шесто место во Чемпионшип и не успеа да избори пласман во елитната Премиер лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 12:01