Премиерлигашот Ливерпул е во потрага по нов голман кој би го заменил сегашниот Лорис Кариус, а најнова цел на „црвените“ е Словенецот Јан Облак, објавија англиските медиуми.
Изминатите денови интересот на финалистот од Лигата на шампионите беше насочен кон голманот на Рома, Алисон, но се чини дека оштетата за Бразилецот која ја бара Рома во висина од околу 90 милиони евра е висока за клубот од „Енфилд“.
Сега Облак од Атлетико Мадрид е прва опција за Јирген Клоп, но се шпекулира дека неговата откупна клаузула која ја одредиле Шпанците е 100 милиони евра па сега Ливерпул е на потег.
Според различни информации, Ливерпул ќе се обиде да ја намали оваа сума и да го реализира трансферот.
„Црвените“ веќе се засилија со Фабињо од Монако и Наби Кеита од Лајпциг, а сега приоритет е изнаоѓање нов голман.