Колумбискиот напаѓач, Радамел Фалкао изјави дека е „вистинска чест“ што еден клуб како Милан е заинтересиран за него. Во последните неколку дена се шпекулира дека најдобриот стрелец на Монако е варијанта за преминување кај „росонерите“.
- Читав и слушнав за интересот на Милан за мене. Голема чест е што еден клуб како Милан ме следи. Следам што се случува во италијанскиот фудбал и знам дека Милан е втор најуспешен клуб во Лигата на шампионите. Во моментов, сепак, имам договор со Монако, а јас се фокусирам на настапот со клубот и Колумбија, рече напаѓачот на тимот од Кнежеството.