Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алиги може да застане на чело на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми. Според информациите, менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино е прв на листата на „кралскиот клуб“, но се дискутира и за резервни опции. Алегри има договор со Јуве до 30 јуни 2020 година. Откако е тренер на тимот, италијанскиот гигант ја освои Серија А четири пати. Зинедин Зидан вчера на вонредна прес-конференција објави дека го напушта „Сантијаго Бернабеу“ Минатата недела Реал го освои третиот последователен трофеј во Лигата на шампионите, а ова досега не му успеало на ниту еден тренер.