Поранешниот менаџер на Реал Мадрид, Фабио Капело изјави дека големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо сака да се врати во својот поранешен тим - Манчестер Јунајтед. Стручњакот ја објасни својата гледна точка, според која на „кралскиот клуб“ сега му претстои реконструкција. Како што е познато, вчера тренерот на тимот Зинедин Зидан објави дека ја напушта функцијата, откако не бил убеден дека „белите“ ќе продолжат да освојуваат трофеи под негово раководство. - Тренерот кој доаѓа ќе мора да направи промени за да го обнови тимот. Тоа може да доведе до губење важни елементи како Роналдо, на пример. Португалецот сака да се врати во Јунајтед и да работи со Мурињо, рече Капело.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 11:26