Германскиот селектор Јоаким Лев негираше дека е заинтересиран за позицијата тренер на Реал Мадрид. Тој истакна дека е целосно фокусиран на одбраната на титулата на Светското првенство во Русија. - Категорично ја отфрлам оваа можност. Не сум заинтересиран, бидејќи сум на Светското првенство, рече тој. Лев ја даде изјавата од кампот на Германците во северна Италија. Само ден претходно, Зинедин Зидан објави дека го напушта „Сантијаго Бернабеу“.