Во финалните подготовки за Светското првенство во Русија еден од главните фаворити за трофејот репрезентацијата на Франција ја победи Италија со 3:1, а францускиот селектор Дидие Дешамп не го криеше задоволството од успехот.
- Не очекува последната фаза од подготовките. Ќе имаме два дена слободни, но мора да го задржиме ова ниво на амбиција и ентузијазам. Не одработивме се перфектно, но засега е задоволително, изјави Дешамп.
Францускиот селектор ги истакна и слабостите во играта на неговиот тим.
- Многу повеќе шанси создадовме во второто полувреме. Мораме од почетокот да бидеме такви. Имаме способност брзо да создадеме шанса за гол, но мораме да бидеме ефективни и тој сегмент треба да се подобри што е можно побрзо. Но, сепак најважно е дека играчите покажаа соодветно ниво на подготвеност на натпреварот, нагласи Дешамп.
Франција првиот натпревар на Светското првенство го игра на 16 јуни против Австралија, а во групата со неа се и Данска и Перу.