Иако Италија претрпе пораз на вториот натпревар, откако за селектор е назначен Роберто Манчини, сепак тој истакнува дека неговиот тим покажал добра игра.
Во финалните подготовки за Светското првенство во Русија еден од главните фаворити за трофејот репрезентацијата на Франција ја совлада Италија со 3:1.
- Направивме само неколку грешки, но Франција во моментов е една од најдобрите светски репрезентации и задоволен сум од прикажаното. Напредуваме, но навистина ми е жал што во почетокот на второто полувреме не успеавме да израмниме на 2:2, а наместо тоа примивме гол. Меѓутоа, Франција заслужено победи, нагласи Манчини.
Италија не се избори за пласман на Светското првенство во Русија и ова е прв Мундијал кој го пропушта по 60 години.