Германскиот фудбалер Емре Џан постигна договор со италијанскиот шампион Јувентус, откако речиси цела сезона се шпекулираше за овој трансфер.
Тој во Јувентус доаѓа како слободен играч, а за клубот од Торино ќе настапува во следните четири години.
Претходно Џан помина четири сезони во Ливерпул за кој одигра 166 натпревари и постигна 14 голови, од кои речиси половината во последната сезона.