Бобан Бабунски и следната сезона ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар, соопштија „црвено-црните“ преку својата веб страница.
Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето сезона 2018/2019.
- Во минатото Бабунски како играч беше дел од Вардар, а до прифаќањето на новата улога, беше дел од Фудбалската Академија на нашиот клуб. Од младинската школа на „црвено-црните“ во стручниот штаб на првиот тим се приклучуваат тренерите Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му бидат асистенти на Бабунски. Досегашниот асистент тренер Александар Васоски и тренерот на голманите Саша Илиќ и натаму ќе бидат дел од стручниот штаб на сениорскиот тим на Вардар, информираат од ФК Вардар.
Бабунски веќе беше на клупата на поранешниот македонски шампион во финишот на штотуку завршената сезона и го водеше тимот на последните девет натпревари од првенството.