Тимот на Вардар ќе биде во групата носители пред извлекувањето на двојки за 1. квалификациско коло од фудбалската Лига на Европа.

Доколку успее да се пласира во следната фаза, во 2. квалификациско коло, исто така ќе биде во групата на носители.

Во моментов Вардар има УЕФА коефициент 5.000.

Ждрепката е на 19. јуни во Нион.

Потенцијални противници на „црвено-црните“ за 1.коло се: Вадуц (Лихтенштајн), Левадија Талин (Естонија), Милсами (Молдавија), Стјарнан (Исланд), Ференцварош (Унгарија), Клифтонвил (Северна Ирска), Дунајска Стреда (Словачка), Будуќност (Црна Гора), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), Пјуник (Ерменија), Партизани Тирана (Албанија), Чикура (Грузија), Зариа Балти (Молдавија), Петрокуб (Молдавија), Луфтетари (Албанија), Лачи (Албанија), Вестманаејар (Исланд), Ујпешт (Унгарија), Хонвед (Унгарија), Лиепаја (Летонија), Илвес Тампере (Финска), Купс (Финска), Лахти (Финска), Дери Сити (Република Ирска), Шамрок Роверс (Република Ирска), Самтредиа (Грузија), Рига (Летонија), Транс Нарва (Естонија), Штумбрас Каунас (Литванија), Грбаљ (Црна Гора), Гандазасар Капан (Ерменија), Банантс (Ерменија), Балзан (Малта), Прогрес Нидеркорн (Луксембург), Расинг Унион (Луксембург), Гленавон (Северна Ирска), Слоеран (Северна Ирска), Кона’с Квиј (Велс), Рунавик (Фарски Острови) плус седум квалификанти од прелиминарната рунда.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 14:29