Лидерот на бразилската репрезентација Нејмар ги именуваше четворицата играчи од блиското и подалечното минато, кои, според него, никогаш нема да ги надмине. Неј Џуниор ги посочи имињата на Ромарио, Зико, Роналдо (Феноменот) и Пеле. - Тие ми беа идоли од моето детство. Никогаш нема да бидам подобар од нив, рече капитенот на „Селесао“ за новинарите. Нејмар се врати на фудбалскиот терен по повеќе од три месеци отсуство и постигна брилијантен гол против Хрватска во пријателски натпревар одигран вчера на „Енфилд“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 16:41