Голманот на Ливерпул Лорис Кариус добил потрес на мозокот од ударот, кој Серхио Рамос му го нанесе за време на финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, тврди „Билд“. Инцидентот се случува непосредно пред првиот гол на Шпанците.

Во деновите по дуелот, лекарскиот тим на Ливерпул бил загрижен дека фудбалерот можеби бил повреден при конкретниот момент. Во контекст на ова, сега станува јасно дека Кариус го посетил познатиот специјалист за повреди на главата д-р Рос Џафонте во клиника во Бостон. „Билд“ објаснува дека 26 од 30-те направени испитувања за потрес на мозокот, биле позитивни.

Досега, Ливерпул нема ништо официјално соопштено за оваа тема. Инаку, Кариус направи неверојатни грешки за првиот и третиот гол во поразот од 1:3 во Киев.

УЕФА веќе објави дека нема да го казни Рамос за конкретниот удар, бидејќи не мисли дека дејствувал намерно. Капитенот на шампионите нема да биде санкциониран и поради прекршокот против Мохамед Салах, што доведе до повредата на египетскиот фудбалер.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 11:05