Минатогодишниот француски фудбалски шампион Монако оствари контакт со Јувентус поради можно купување на напаѓачот Гонзало Игуаин, објави „Калчо Меркато“.

Во Монако на Аргентинецот гледаат како замена за Радамел Фалкао, кој може да ја напушти екипата.

Се шпекулира дека Јувентус е подготвен да го продаде Игуаин за 60 милиони евра.

Во сезоната 2017/18, 30-годишниот Игуаин одигра 50 натпревари за „Старата дама“ и постигна 23 гола, додека Фалкао постигна 24 голови на 36 натпревари во дресот на Монако.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 11:25