Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон е казнет со суспензија од три натпревари во Лигата на Шампионите поради црвениот картон што го доби на реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Дисциплинската комисија на УЕФА ја оцени како недолична реакцијата на голманот, кој му се нафрли на судијата Мајкл Оливер, откако досуди пенал за Реал Мадрид во судиското продолжение од натпреварот.

Буфон тогаш упати низа навреди на сметка на Оливер, а меѓу другото го нарече „човек, кој има канта за отпадоци наместо срце“.

Сезонава 40-годишниот голман по 17 години го напушти Јувентус, а се посилни се гласините дека тој ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 00:03