Бразилскиот фудбалер Фредерико Родригеш де Паула Сантос попознат како Фред ќе биде нов член на Манчестер јунајтед.

Фред на „Олд Трафорд“ доаѓа од украински Шахтјор, а Јунајтед ќе му плати околу 50 милиони фунти обесштетување на украинскиот клуб.

Бразилскиот фудбалер се очекува да потпише петгодишен договор.

Фред за Шахтјор настапуваше од 2013 година и одигра 155 натпревари постигнувајќи 15 голови.

За бразилската репрезентација тој има седум настапи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 00:23