Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, не се согласува со својот тимски колега, Јаја Туре, кој претходно го обвини тренерот Јосеп Гвардиола за расизам.

Според Белгиецот, Туре едноставно бара изговори за слабата минутажа која ја добиваше изминатата сезона.

- Никогаш не сум видел ниту слушнал нешто што би укажало дека Гвардиола е расист. Би било чудно ако тренерот е расист, бидејќи во нашиот тим има многу фудбалери со темна боја на кожата. Не знам што точно рече Јаја, ама можеби неговите зборови биле погрешно протолкувани или претерани. Кога не играте, секогаш се обидувате да изнајдете изговор, смета Де бруин.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 11:16