Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, изрази жалење поради губењето на местото во првиот состав на германската фудбалска репрезентација.

На претстојното Светското првенство, прва опција на голманската позиција кај „панцерите“ ќе биде Мануел Нојер, кој ја пропушти речиси цела минатата сезона поради повреда.

-Кога ја играте целата сезона на највисоко ниво, овој развој на настани не може да ве радува. Но, ќе се обидам да му помогнам на Нејер толку колку што ќе можам.

Германија на Мундијалот е во Ф-групата заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 11:47