Голманот на Челзи, Тибо Куртоа е непријатно изненаден од гласините дека „сините“ се во потрага по нов голман.
Според англиските медиуми, 26-годишниот Белгиец нема намера да го напушти тимот и сака да потпише нов договор.
Претходните денови беше објавено дека ова лето Куртоа ќе се пресели во Реал Мадрид, а на негово место во Челзи ќе дојде Алисон од Рома.
Куртоа е во Челзи од 2011 година, а во меѓувреме три години беше на позајмица во Атлетико Мадрид. Последната сезона има 46 натпревари за „сините“ и примено 47 гола.