Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе им додели вкупно 3,25 милијарди евра на учесниците следната сезона во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Супер Купот на Европа.

Ова претставува зголемување од околу 900 милиони евра во споредба со минатата сезона кога клубовите во елитните натпреварувања поделија 2,35 милијарди евра.

За учесниците во Суперкупот, Реал Мадрид и Атлетико, се одвоени 3,5 милиони евра, а победникот на натпреварот во Талин ќе добие уште еден милион евра.

Само за учесниците во ЛШ се предвидени 1,95 милијарди евра, 32 клуба кои ќе ја играат групната фаза ќе заработат фиксни 15 милиони евра. За победата во групата ќе бидат наградени со 2,7 милиони евра, а со 900 илјади евра за нерешено. Од оние што ќе се пласираат во елиминациската фаза секој клуб ќе добие 9,5 милиони евра, за четврт-финалето 10,5, 12 милиони евра за полуфиналето и за влез во финалето 15 милиони евра. Победникот на Лигата на шампионите ќе заработи уште четири милиони евра.

Што се однесува до Лигата на шампионите за учество во првиот квалификациски круг, клубовите ќе добијат 280.000 евра за учество во вториот круг 380.000, а третата 480.000 евра.

Клубовите во Лигата на Европа ќе заработуваат 560 милиони евра, што е за 160 милиони повеќе од минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 13:29