Напаѓачот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн може да го пропушти првиот натпревар на Светското првенство 2018 против селекцијата на Тунис.
Како што објавија од „The Mirror“, стручниот штаб на Англичаните во консултација со лекарскиот тим ќе одлучат дали членот на Тотехнем ќе биде во составот за првото коло од групната фаза.
Кејн има повреда на глуждот која не е премногу сериозна, но тренерите не сакаат да ризикуваат да ја влошат повредата.