Поранешниот извршен директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, денеска е осуден на шест и пол години затвор поради финансиски малверзации во клубот.

Освен Мамиќ, затворски казни добија и неговиот брат Зоран, како и поранешниот прв човек на Динамо Дамир Врбановиќ и даночниот службеник Милан Пернар.

Окружниот суд во Осиек го осуди Здравко Мамиќ на вкупно шест и пол години затвор, Зоран Мамиќ доби четири години и 11 месеци, Милан Пернар четири години и два месеци, а Дамир Врбановиќ три години затвор.

Сите се осудени заради затајување на 116 милиони куни преку трансфери на хрватските фудбалски репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен, поради што хрватскиот државен буџет беше оштетен со 12,2 милиони куни.

Здравко Мамиќ не се појави во Осиек да ја слушне пресудата, бидејќи е во, Босна и Херцеговина, каде што замина вчера.

Мамиќ и неговите соработници имаат право да поднесат жалба на изречените казни.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 15:01