Селекцијата на Вардар до 18 години не успеа да се пласира во полуфиналето на фудбалскиот Куп на пријателство што се одржува во Златибор, Србија.

„Црвено-црните“ денеска во 2.коло загубија од шпански Еспањол со 3:1 и останаа без шанси да изборат место кое обезбедува полуфинале.

Младите вардарци имаат само еден бод во групата „Д“ по две рунди, а утре против Олимпија го играат дуелот од последното трето коло во групната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 15:57