Откако вчера се пофали со трансферот на бразилскиот играч од средниот ред, Фред, Манчестер Јунајтед денеска ја објави својата втора нова аквизиција за летото. Се работи за десниот бек, 19-годишниот Диого Далот, кој доаѓа од Порто за 20 милиони евра, колку што била ослободителната клаузула во неговиот договор. Младинскиот репрезентативец на Португалија, која дебитираше за првиот тим во Порто во октомври минатата година, потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“. Договорот има можност да се продолжи за дополнителни 12 месеци. - Доаѓањето во најголемиот клуб во светот е шанса што едноставно не можете да ја отфрлите, рече Далот при неговата промоција. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го опиша својот сонародник како „најдобар млад дефанзивен играч во Европа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 16:45