Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Таулант Сулејманов, кој во меѓувреме си го промени презимето во Сефери предизвика голем скандал за секоја осуда.
Сефери кој во меѓувреме се реши да игра за Албанија, по денешниот пријателски натпревар на младинските селекции против Белорусија, во соблекувалната позираше со маичка на која стоеше: Куманово е Албанија.
По серијата скандали кои се случија на фудбалски план пред се со прославата на титулата на Шкендија и провокацијата испратена од Балистите, ФФМ не превзема конкретни мерки против актуелниот шампион, па не се очекува да има реакција и за овој преседан.
Надежите сепак се вперени кон ФИФА и УЕФА бидејќи овие фудбалски асоцијации строго забрануваат мешање на политиката во спортот.